ПРАВИЛНАТА хидратација, како и урамнотежената исхрана, влијае многу кога станува збор за нашето здравје и благосостојба, вклучувајќи го и расположението. Сите животни навики што ги имаме можат да влијаат на тоа како се чувствуваме и се однесуваме кон другите. Како што за New York Post, тврди доктор Зак Тарнер, постои врска помеѓу расположението и дневниот внес на вода.
„Не постои единствена количина на вода“, истакнува тој и додава: „Препорачаната количина на вода што треба да ја пиете дневно варира во зависност од индивидуалните фактори како што се нивото на активност и климата“. Според New York Post, мажите треба да пијат приближно 15 чаши вода дневно (3,7 литри), додека на жените им се препорачува да пијат околу 11 чаши дневно (околу 2,7 литри).
Докторот додава дека е важно да се истакне дека вкупниот внес не вклучува само вода, туку и течности од билни чаеви, сокови и храна.
Која е врската помеѓу правилната хидратација и расположението?
Како што објаснува докторот, „ако станете малку раздразливи или напнати во текот на денот без некоја очигледна причина, тоа може да биде знак за дехидрација. Тоа е начин на вашето тело да ви каже дека не ја добива потребната количина на вода“.
Слично на тоа, спроведено е истражување кое ја потврдува оваа поврзаност, покажувајќи дека дури и блага дехидрација може да доведе до зголемена анксиозност, раздразливост и стрес. „Тоа е како батеријата на вашиот мобилен телефон со 10 проценти, таа сè уште работи, но не толку лесно“, објаснува тој за New York Post.
Освен промени во расположението, дехидрацијата може да предизвика замор и чувство на „бавност“. Кога сте дехидрирани, вашето тело нема доволно течности за да функционира правилно, што доведува до замор и ниско ниво на енергија.
„Замислете го вашето тело како автомобил. Ако не му дадете доволно гориво, ќе почне да кашла и ќе остане без сила. Ако мислите дека водата е масло за вашиот автомобил, недостатокот од него може да предизвика прегревање и оштетување на многу други процеси во телото“, истакнува Тарнер.
Фото: Архива