Договорите за угостителски услуги Арсовска ги пренамени за оброци за лица во социјален ризик


Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку „Ретвитни оброк“ и Црвениот крст на Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is Akcija-retvitni-obrok-1.jpg


„Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално загрозени граѓани. Оваа инцијатива за пренамена на средствата за оброци за социјално загрозени лица е еден од чекорите на Град Скопје за поактивна вклученост на градот во подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза“, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

This image has an empty alt attribute; its file name is Akcija-retvitni-obrok-3.jpg


Таа ги повикува и останатите градоначалници да се приклучат на оваа иницијатива и сите средства за репрезентации или предвидени непродуктивни трошоци да се пренаменат за општествено одговорни активности со кои ќе се помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на „Ретвитни оброк“ да се прошири на национално ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …