ДОБИЛ МИЛИОНИ НА ЛОТАРИЈА: „На почетокот беше добро, но…


СВЕТА Тереза ​​од Авила одамна предупреди дека повеќе солзи се леат поради остварени желби отколку поради неисполнети.
Една неодамнешна студија на тројца шведски економисти – Ерик Линдквист, Роберт Естлинг и Дејвид Цезарини – ги разгледала долгорочните психолошки ефекти од големите добивки на лотарија, а нивните наоди очекувано покажале дека целокупното задоволство на оние кои освоиле поголеми суми пари е поголемо во споредба на оние кои освоиле помали суми.
Меѓутоа, во истражувањето е нагласено и дека освојувањето на голема сума пари на лотарија нема значително влијание врз среќата на добитникот, како и врз неговото ментално здравје, што го потврдуваат и приказните на многу поранешни добитници. Меѓу нив е и Британецот Бен, кој споделил како откако освоил неколку милиони фунти преку ноќ останал без ништо.
– Мислиш дека знаеш што би направил со парите ако ги добиеш на лотарија – вели екс-милионерот Бен и додава: – Но, навистина немаш поим.


Пред добивката, Бен бил семеен човек со успешна кариера, а неговиот живот целосно се променил кога излегол од зградата на Националната лотарија со плик полн со готовина и банкарска сметка со сума пари што веројатно никогаш нема да може да ја заработи.
– Тоа беа моменти полни со адреналин и возбуда, но набрзо почувствував страшен замор. Сепак, мојот мозок работеше деноноќно и не можев да престанам да размислувам што ќе правам со сите тие пари – изјавил тој за „Метро“.
Иако освоил неколку милиони фунти, животот не му се подобрил. За жал, тој го направил она што веројатно би го направиле многу други на неговата позиција; отишол на одмор и почнал да троши. Купувал автомобили, луксузна облека и скапи гаџети, патувал, ги запишал своите деца во приватни училишта и ја напуштил работата.


Сепак, идилата не траела долго.
– Проблемот е што не бев задоволен од мојот живот пред добивката, а парите наместо да го поправат, само ги зголемија проблемите што веќе ги имав. Кога не работиш и немаш обврски, лесно е да си ги трошиш деновите, плус да останеш трезен е потешко отколку кога немаш пари – признал и потоа додал: – Цел ден седев, читав весници и гледав телевизија. Го имав целото слободно време на светот и не го искористив. Целосно се изневерив.
Тој објаснил како во тоа време планирал да ги умножи парите со инвестирање во акции, но на крајот ја згубил мотивацијата.
– Мислев дека не ми требаат повеќе пари бидејќи веќе имав доволно во банката, но наеднаш беше доцна и парите исчезнаа – рекол на крајот.

Фото: Архива/Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …