ДНК со награда од градот Скопје за хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот

Синоќа во Кинотека на Македонија, Градоначалничката Данела Арсовска свечено ги додели наградите 13 Ноември за 2023 година за личности кои со својата работа и ангажман придонеле за афирмација на градот Скопје и Македонија.

Членовите на популарната македонска група ДНК вчера се здобија со награда од градот Скопје во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот. Тие по тој повод се обратија до нивните обожаватели:


„Драги наши,
Вечерва во кинотеката на Македонија имавме огромна чест да присуствуваме на доделувањето на наградите по повод “13 НОЕМВРИ” и воедно да бидеме добитници на една од нив. 😊
Ова е дефинитивно нашата најзначајна награда со оглед на тоа што градот Скопје ни ја додели во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни нашите синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти и се разбира, Вашата поддршка како во последниот период така и последните 21 година.
За крај, голема благодарност до Град Скопје“, напишаа ДНК на Facebook.

ФОто: Tone Bandits


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „ДОБИВ ПРСТЕН, СЕ ВЕРИВ“: Марија Шерифовиќ ги изненади обожавателите – ја споделила радосната вест!

Пејачката Марија Шерифовиќ се пофалила дека е дури и свршена за време на ненадејната посета …