Дневен хороскоп за недела (28.01.2018)

Овен
Се предомислувате кога станува збор за одлуките. Чувајте се од можни грешки. Направете распоред и насочете се. Добра финансиска ситуација. Многу површни врски и флертови, а и понатака се чувствувате осамено.

Бик
Прилично сте хаотични и не знаете добро да се организирате за работата која ја обавувате. Ви смета присуството на некои лица во деловната околина. Солидна финансиска ситуација. На љубовен план е се како што сте испланирале. Покажете малку повеќе чувства. Посветете му повеќе време на вашето здравје.


Близнаци
Посоветувајте се со блиските соработници за промена на работното место. Односот со партнерот е стандарно добар. Ако сте сами, тоа нема да биде така уште долго време. Можни се проблеми со зглобовите и коските, внимавајте.

Рак
Ќе доживеете конечно олеснување на деловен план. Не се срамете да побарате помош. Солидна финансиска ситуација. Се гледа крајот на мачната врска во која сте заглавени, ве очекуваат пријатни изненадувања. Внимавајте во сообраќајот.


Лав
Замислени сте и можно е да дојде до одредени грешки. Не давајте да ве успие успехот, работете поинтензиво, а доколку имате премногу обврски побарајте помош од најдобриот колега. Финансиската ситуација ќе ви биде видно подобра. Во моментов не сте расположени за сериозна врска.

Девица
Ве исцрпува тоа што вашата работа останува незабележана. Морате да научите подобро да ја проценувате деловната ситуација, парите не доаѓаат со очекуваниот тек. Многу флертови, но сепак ништо вредно и интересно за ваш вкус. Проверете ја работата на штитната жлезда.


Терезија
Перфекционист сте и во се што работите барате дури и најситна грешка или можен проблем. Кај вас се мора да се одвива според планот. Многу сте одговорни. Добра парична ситуација. Емотивно, многу тежок и лош период. Се ви е поважно од сопственото здравје.

Скорпија
Искажувате видно незадоволство во врска со работното место. Послушајте го советот на соработниците кои имаат малку повеќе искуство. Добра финансиска ситуација. Окупирани сте со себе, па партнерот ретко го забележувате како се однеусва.

Стрелец
Имате недоразбирање со колегите и соработниците, ќе се појави некое ривалство во кое вие ќе загубите. Не се затворајте во себе си, разговарајте отворено со вашите пријатели за случувањата кои ви нанесоа проблеми. Овој период е неповолен да ја напуштите работата, затоа трудете се да ја задржите.

Јарец
Ќе пристигне финансиска помош од вашиот близок, вие конечно ќе престанете да се грижите и ќе имате повеќе финансии за штедење. Ангажирајте се да работите нешто плус, нешто од кое ќе вадите некој денар повеќе, проверете во огласите или околината дали некаде би можеле да се вклучите. Околината во вас ќе препознае вистински борец.

Водолија
Сакате некој да биде искрен со вас, но кога тој ќе ви каже што отворено мисли, вие ќе избувнете. Смирете се и не се нервирајте, уживајте во некоја книга, филм или магазин и оттргнете ги проблемите далеку од себе. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.

Риби
Денешниот ден ќе ви биде исполнет со среќа. Пријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место, бидејќи имате сила и знаење сите да ги исполните. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве промени комплетно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СПОРЕД ШТО СЕ ИЗДВОЈУВАТЕ ОД ТОЛПАТА? Направете го тестот и откријте што ве прави различни и посебни

Личноста е збир на карактеристики на секој човек, а таа секогаш доминира и најдобро ве …