dm донира 448.730 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

 

Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти на познатиот Black Friday, вие се подготвивте за неверојатен шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите омилени dm дрогерии!


Најголемиот европски дрогериски ланец, шеста година по ред наместо попусти, го обои овој петок во розово и донираше 5% од вкупниот дневен промет остварен тој ден во хуманитарни цели. На 29 ноември 2024 година со помош на купувачите, dm успеа да собере 448.730 денари за хуманитарни цели. Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.

„Многу сме среќни што оваа наша иницијатива станува сѐ попозната во нашата заедница и сите со нетрпение ја очекуваат бидејќи шеста година по ред успешно продолжуваме да го шириме духот на добрината и солидарноста. Секој купувач кој учествуваше во оваа иницијатива е дел од нешто поголемо – дел од промената. На овој ден, ние не само што се обединуваме за да помогнеме, туку и создаваме заедничка свест за важноста на помагањето. Заедно можеме да направиме разлика и да покажеме дека добрината е наша најсилна страна!“ – Изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.


Започнувајќи од 2019 година, општествено-одговорната компанија dm под слоганот „Giving is the new black“ ја спроведува оваа активност во нашата земја, при која секој Black Friday, наместо попусти, компанијата им нуди можност на своите купувачи да се вклучат во една филантропска активност, во која компанијата донира 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на овој ден во хуманитарни цели!

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …