ДЛУМ „Мал формат“ 2022

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерство за култура на Р. С. Македонија има чест да Ве покани на отварањето на изложбата „Мал формат“ кое што ќе се одржи на 02.11.2022 год. (среда) во Културно Информативниот Центар КИЦ , салон Имеријал 1, во Скопје со почеток во 20 часот..
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
На овогодинешното издание на изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела (некој од нив со по две дела). Се изразуваат во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми.
На отварањето на изложбата Друштовот на ликовни уметници на Македонија ќе додели една награда за Мал формат.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 12.11.2022 год.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Традиционален концерт по повод Василица во Националната Опера и Балет

Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 13 јануари, со …