„Диско (в)Љубеници“ – инклузивна танцова претстава

Диско (в)Љубеници е најновата инклузивна претстава на Трисомија 21 Скопје во соработка со Колектив Ветерница која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. Преку истата ги отвора прашањата:
– Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно?

На вас останува да се облечете во шљокици и да дојдете да почувствувате зошто е важно е да комуницираме и да се гледаме во очи, да танцуваме за да ja ослободиме вибрацијата на нашите тела без да се плашиме и срамиме дали сме чудни, смешни или трапави.


Во претставата учествуваат: Марио Мицковски, Ена Митревска Елизабета Петковска, Коста Аризанов. Филип Ангеловски, Ирина Прокопиева, Стефан Трповски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ева Ѓорѓеска, Маша Блажева, Ена Ковачевска, Ана Јовановска, Саша Малевска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Данаја Ефтимова, Милош Стојановиќ, Билјана Димитрова, Иво Николовски.

ДЏ Диско пар: Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ.


Денес, почеток во 19:00 часот во клубот „Минус Еден“.

Претставата е во реализација од Здружението за поддршка на деца со даунов синдром Трисомија 21 во соработка со Колектив Ветерница и поддржана од Министерството за култура.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …