Дина Јашари ја објави својата нова песна ,,Не сум твој сон”

Дина Јашари на 19 ноември 2023 година ја промовираше својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана Јосифовска, Vera pinc.


Уживајте во прекрасното видео за „Не сум твој сон”


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање – на денешен ден во 2018 година не напушти актерката Љупка Арсова-Џундева

Љупка Арсова-Џундева била родена на 11 јули 1934 во Скопје. Истакната македонска театарска, филмска и …