DIE! GOLDSTEIN – Аудиовизуелен експериментален проект на Диего Баронал вечерва во Букава

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 21:30 часот, ќе имате можност да го проследите Аудиовизуелен експериментален проект на Диего Баронал насловен DIE! GOLDSTEIN.

DIE! GOLDSTEIN, или „аудиовизуелно искуство што вечно лавира низ вревата на емоциите“, е жив аудиовизуелен експериментален проект на Диего Баронал (Diego Barronal), андалузиски композитор, продуцент и визуелен уметник со позадина во класичната музика и виолинската изведба.


Музичките композиции на Баронал комбинираат електронски и амбиентални елементи инспирирани од наративната структура на пост-рокот: бесконечни текстури се преплетуваат со интензивно крешендо, доведувајќи ве во кулминацијата на мелодиската бука. Влијанијата на бендови како Godspeed You! Black Emperor, Sigur Ros или Tim Hecker се очигледни во богатството и длабочината на неговите композиции. Визуелната работа на Баронал го адресира влијанието на новата дигитална конзумериатичка ера врз човековиот живот и врз природата.

Неговиот настап во Скопје е воедно и промоција на последниот албум Drowned Paradise.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …