Џез концерт на Гоце Стевковски Квинтет

На 6 декември 2023 година, со почеток од 19.00 часот, во ЈОУДК “Бранд Петрушев” во Богданци, ќе може да го проследите настапот на Гоце Стевковски Квинтет.

Гоце Стевковски Квинтет е џез состав кој зад себе има реализирано два албуми „7 Stories“ и “Homage to a dream.” Стевковски (тапанар и автор на композициите) се јавува како лидер на овој бенд кој последниве години остави значителни траги на македонската џез сцена. Работата на бендот од страна на критичарите беше оценета како ретко остварување, пост-хард боп албум со впечатливи мелодии и совршен баланс на суптилност и ненаметлива виртуозност. Композициите на Стевковски се одликуваат со густина на звукот, која потсетува на вториот квинтет на Мајлс Дејвис, во комбинација со елементи на фанк и игриви хармонии и претставува микс на младешка енергија, талент и музичко искуство, во интегрирана и импресивна целина.


Гоце Стевковски Квинтет во текот на своето функционирање претрпе измени во составот, а настапот во Богданци покрај Стевковски ќе ги видиме Кирил Кузманов – саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Џијан Емин – клавијатури и Дарко Мучев – бас, заедно со специјален гостин на вечерта Филип Динев – гитара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …