Денес, со почеток во 11:00 часот, во Public Room, во рамките на Skopje Design Week, ќе се одржи детска работилница за дизајн на ѕвонче за велосипед.
Ринг ринг, прави звукот на велосипедското ѕвонче кое вашето дете ќе може да си го обои само на една од нашите работилници. Супер подарок за новиот велосипед или за другарчето кое има роденден овој месец. На оваа работилница добивате сертифициран ментор кој ќе работи со децата, со вклучени материјали потребни за изработка на ѕвончето и секако загарантирана забава за детето!
Ирина Кајчевска е дизајнерка, која своето образование го стекнува на Факултетот за дизајн и мултемедија. Има неколку самостојни изложби и работно искуство во магазин за мода и дизајн, дизајнер е во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба, како и официјален дизајнер на Skopje Design Week 2018/2020. Ирина размислува “outside the box”, не држејќи се до рамките на извесни правила и законитости овозможувајќи неконвенционален пристап во третирањето на цртежот во контекст на графичкиот дизајн.
Работилницата е наменета за деца на возраст 6+
Цена на билет: 350 денари.