Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан, но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година.
Тропар
Маченици свети Христови, вие браќа по вера станавте, напоени и закрилени од благодатта, мачењата за ништо ги сметавте, Трофиме, Теофиле и останатите, глава на исекување подадовте, но Главата во себе ја сочувавте, молете се, о вие небесни цветови, плодната земја за спасение да се умножи, семето Христово во неа плод да донесе.