Денеска се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

Тропар
О, свети апостоли, Христос Спасителот во вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете. За Олимпа и Родиона маченици Ерост и Кварт, Сосипатар и Терцие епископи, Свети чувари на Божествените повелби, молете се за нас о, вие кои послуживте како бисери на Љубовта, за родот човечки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобна Меланија Римјанка

Преподобна Меланија Римјанка (лат. Melania Romana) е христијанска светителка од 5 век, позната по својот …