Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Вавила

Светиот свештеномаченик Вавила

Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе на жртва на идолите. Уште жежок од злосторството и од невината крв, овој злосторник под круна појде во христијанскиот храм да види што се прави таму. Свети Вавила беше со народот на молитва, па слушна дека царот доаѓа со својата свита и сака да влезе в црква. Вавила го прекина богослужењето, излезе пред црквата и му рече на царот дека не може да влезе во светиот храм, каде што се прославува единствениот вистинит Бог. Беседејќи за Вавила Златоуст рече: „Од кого друг би се уплашил оној којшто со таква власт се однесуваше кон царот?… Тој со тоа ги научи царевите да не ја спростираат својата власт подалеку од мерата што им ја дал Бог; им покажа на свештениците како треба да се ползуваат со својата власт.“ Посрамен царот се врати, но смисли одмазда.


Тропар
Твоите деца духовни, о свети Вавило, Урван, Прилидијан и Еполониј, станаа новонасадени маслини во Господовите градини, о чувару на дверите црковни, мачеништвото твое како пареа мириса да се разлее пред Христа, умилостувајќи Го да не ги заборави Неговите деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица е важен христијански празник кој се обележува на 14. октомври по …