Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски

Роден е во Рим, од царски род, современик на апостолите. Мајка му и неговите двајца браќа пловејќи по морето беа разнесени на разни страни, а татко му одејќи да ги бара жената и децата и самиот се изгуби. Тогаш Климент, којшто имаше дваесет и четири години, појде на Исток да си ги бара родителите и браќата. Во Александрија се запозна со апостолот Варнава, потоа му се придружи на Св. апостол Петар, по кого веќе одеа неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустијан. По Божја Промисла апостолот Петар ја најде Климентовата мајка како старица питачка, а потоа и татко му. И така повторно се состави целото семејство и заедно како христијани се вратија во Рим. Св. Климент не се одвојуваше од великиот апостол, којшто него пред својата смрт го постави за епископ на Рим. По маченичката смрт на Петар, во Рим епископ беше Лин, потоа Клит – обајцата кусо време – а после тоа Климент. Свети Климент управуваше со Божјата Црква со пламена ревност и од ден на ден обраќаше во верата Христова голем број неверни. Тој одреди и седум брзописци коишто ги запишуваа житијата на мачениците што во она време страдаа за својот Господ. Царот Трајан го протера во Херсон, каде што Климент најде две илјади прогонети христијани. Сите беа зафатени со тешка работа на каменорежење на едно безводно место. Христијаните го примија Св. Климент со голема радост и тој им беше жив извор на утеха. Со својата молитва низведе вода и обрати во христијанство огромен број староседелци и за една година на тоа место подигна седумдесет и пет цркви. За да не ја шири понатаму Христовата вера, го осудија на смрт со потопување во морето со камен на вратот, во 101 година. Неговите чудотворни мошти ги извадија од морето дури Светите Методиј и Кирил.


Тропар
Боже на отците наши, Кој секогаш постапуваш со нас според кроткоста Твоја, не оддалечувај ја од нас милоста Твоја, но по нивните молитви животот наш во мир насочи го.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …