Денеска се празнува Светиот пророк Софониј

Светиот пророк Софониј

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.


Тропар
Смирението твое о, Божји пророче, умот кон висините Господови го подигна о, Софоние, ти кој ја виде мерзоста на светите места, на сето тоа срцето ти запеа, устата проговори: Воспевај, ќерко Сионова, ликувај, Израиле, и весели се од сето срце, ќерко Ерусалимска. Моли се, Божји човеку, таа радост да не не одмине.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО рецепт) Без печење: „Наполеон торта“

Колач торта кој се подготвува за неколку минути, толку е брзо. Брза и едноставна но …