Светиот пророк Илија
Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија.
Пророкот Свети Илија се појавува во третата и четвртата книга „Царства“ како Илија „Тишвитјанинот“ (што најверојатно посочува на неговото родно место Тишве), за да го насочи својот еврејски народ кон вистинскиот Бог, бидејќи дотогаш народот потпаѓал под влијанието на Езавел, сопругата на царот Ахав. Според верувањата, кога Свети Илија се родил, неговиот татко Савах видел ангели околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Името Илија во превод значи “Мојот Бог е Јахве“, и можеби му било додадено подоцна, поради неговите проповеди. Младоста ја поминал во пустината, проучувајќи ја молитвата и религијата. Неговата главна одлика е тоа што верата ја ширел многу брзо и без страв. Во тоа време, на тамошните простори била развиена многу и феникиската вера, поддржувана од самиот цар. Со неговите јавни настапи, тој предизвикувал големи нереди по целиот Израел.
Кога Јован Крстител и Исус Христос ја проповедале својата вера, некои Евреи сметале дека некој од нив е самиот Свети Илија. Исус Христос вели дека Јован Крстителот е Илија, кој ќе се појави на „големиот и ужасен ден“, како што предвидел самиот Малахиј. Свети Илија и Мојсеј се јавиле на Исус Христос на денот на Воскреснувањето. За последен пат Свети Илија се споменува од страна на Исус Христос на крстот, кога оние пред крстот сметале дека го вика Илија на помош.
Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.
Тропар
Ангел во тело, темел на пророците, втор претеча на Христовото пришествие, славниот Илија, кој одозгора му испрати благодат на Елисеја, болести да лекува, лепрозни да очистува. Затоа и на оние што го почитуваат им дава исцеленија.