Денеска се празнува Светиот пророк Езекил

Светиот пророк Езекил

Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Езекил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Еремија. И додека Еремија учеше и пророкуваше во Ерусалим, дотогаш Езекил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Еремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Езекил во Ерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа. И обајцата беа наскрбувани и мачени од неверниот род еврејски. Пророкот Езекил имаше страшни и нечуени виденија. На реката Ховар ги виде небесата отворени, облак, оган и блескање и четири животни како растопен бакар. Едното животно имаше лице човечко, другото лице на лав, третото телешко, а четвртото орловско. Човечкото лице Го означува Господ воплотен како човек, лавовското го означува Неговото Божество, телешкото неговата жртва, лицето орловско Неговото воскресение и вознесение. Другпат му се покажа слика на воскресението на мртвите.


Тропар
Свет е нашиот Бог, да се исполни целото небо и земја со Неговата слава, повикуваше ти, о Езекиле, Божји помазаниче и пророче, мачениче и исповедниче на вистинската служба, биди им совест на пастирите во Црквата Христова, по твоите молитви да не отстапиме од Вистината што спасува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОД ЗАПАД ЗАПОЧНУВААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА: Ладниот бран од север полека ни доаѓа и значително ќе ги спушти температурите

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани мои, по краткотрајната стабилизација на времето која ја имавме …