Денеска се празнува Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во се како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Тропар
Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник

Светите маченици Ермил и Стратоник се христијански светители и маченици од 4 век, познати по …