Денеска се празнува светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула


Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула

Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото обраќање во христијанство предизвика голема возбуда меѓу незнабожците во Никомидија и беше изведен на суд, но бидејќи не сакаше да се одрече од својата нова вера, го ставија во затвор. Во затворот најде четири момчиња: Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј, заробени заради верата во Христа. Старецот им се израдува на момчињата и тие нему, и сите заедно го минуваа времето во побожни разговори, молитви и псалмопение.


Тропар
Како на орел што се обновува во младоста негова, така верата во светиот Лукилијан обнови сила духовна, заточен со светите младенци Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј, заедно сите кон Бога благодарност вознесуваа за обнова на нивните тела од мачењата. Со мудрата девственичка Павла, о свети, маченички венци добивте, исповедувајќи дека чистотата на срцето е над секое умно мудрување, молете се свети маченици, за овој род бунтовен човечки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

18 МАЈ СИТЕ НА ВОДНО – СЛЕДУВА 13-ТОТО ИЗДАНИЕ НА „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

На 18 мај 2025 година, љубителите на спортот, на природата и на планините повторно ќе …