Денеска се празнува Светиот маченик Јулијан


Светиот маченик Јулијан

Во времето на царот Антонин Свети Јулијан премина од Далмација во Кампанија Италијанска. Беше млад и убав младич, со сета душа предаден на Господ. На патот го сретнаа царски војници кои одеа да ги фаќаат христијаните. „Мир вам, браќа!“, им се обрати Свети Јулијан. По ваквиот поздрав и по кротоста на неговото лице, војниците заклучија дека е хтристијанин. Кога го прашаа, Јулијан им одговори: „Христијанин сум, родум од Далмација“. Уште отворено им призна и дека патува со цел да ги обраќа идолопоклониците кон единствениот жив Бог. Војниците бездушно го натепаа и најпосле го фрлија во некој ров, каде што седум дена помина без каква и да е човечка храна. Но му се јави ангел Божји и му даваше небесна храна. Изведен на суд Јулијан остана во верата тврд како дијамант. Гледајќи ја неговата мажественост и непоколебливост во верата, триесет луѓе се обратија кон Господ Исус Христос. Осуден на смрт, Свети Јулијан клекна да вознесе молитва кон Бога, Кому Му благодареше за маченичкиот подвиг и Го помоли да ги милува оние што ќе го почитуваат неговиот спомен. Беше убиен со секира и така Му го предаде својот дух на Бога.


Тропар
Го послуша Господ гласот на твоето молење, о Јулијане достојнославен, не ја посрами надежта на слугата свој, туку благодатно го закрепна оној кој на Него се надеваше. А ти, свет мачениче, до крај остана верен на Бесконечната Добрина и очистен со крвта своја маченичка поита при Христа, молејќи се за сите оние кои Него Го слават, оддавајќи чест на маченичкиот твој спомен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Едноставно и вкусно – За ручек подгответе запечени ќофтиња со сирење и сос од домати

Ако барате брз, лесен и вкусен оброк што ќе го обожава целото семејство, овие сочни …