Денеска се празнува Светиот апостол Тимотеј

Светиот апостол Тимотеј

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 – 2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него.


Тропар
На добрина поучувајќи се, и грижејќи се за со со добра совест, свештено си се облекол, од избраниот сад црпејќи неискажливи блага, верата ја сочува и во мир животот свој го заврши. Апостоле Тимотее, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …