Денеска се празнува Свети великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници. Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга. Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан. По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не и спаси не. Амин!

Тропар
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …