Денеска се празнува свети свештеномаченик Кипријан Слепченски


Свети Кипријан бил игумен на манастирот посветен на светиот Јован Претеча во Слепче, во времето на турското владеење, во 18 век. Во 1780 година, на Велик четврток, манастирот бил нападнат од разбојници, од кои Кипријан претрпел големи мачења. По нивното заминување, тој поживеал уште три дена, речиси полумртов. Од жестоките мачења се упокоил на денот на Христовото Воскресение.

Тропар
Кипријане, велик молитвениче, пред Бога застапниче, за нашите души покровителе. Моли се, оче преподобне, за оние кои ти приоѓаат од тебе благодат измолуваат. За нивно преумување, за нивно спасение, пред Бога поклонение.


Кондак
Наставик на монасите, пример за испосниците, украс на свештениците. Злобата агарјанска ја посрами, и со пролиената крв Црквата ја украси. Затоа ти повикуваме: Радувај се, свештеномачениче Кипријане, на душите наши исцеление.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Следува силно невреме во нашата Македонија

Денес среда (21 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од поголем фронтален …