Денеска се празнува Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски

Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архиерејскиот престол во Халкидон. Како архиереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и ништите. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој Свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, озлобувања и затварања. Најпосле беше протеран во прогонство заради исповедањето на вистинската вера и сред трудови и страдања се престави кај Господ за да прими венец на слава во Царството Божјо.


Тропар
Блажен е подвигот твој, отче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни – сe што беше дозволено и за твојата душа полезно. Гледајќи го тоа, Пастирот за исповедник те повика, тебе кој љубовта твоја прва не ја напушти, така можеше прељубодеец да го наречеш оној кој не ги почитува светите икони. О виножито што небесната вистина на земјата ја посведочи, моли се докрај да истраеме по твоите свети молитви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Доротеј

Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па се до времето на Јулијан Отстапник, кога беше …