Денеска се празнува Свети Јован Милостив

Свети Јован Милостив

Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите Свети се одликуваа со милосрдие, но Св. Јован му беше предаден на оваа Света добродетел. Еднаш служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик , му падна пред нозете и го замоли за прошка. И дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот.


Кога Персијанците удрија на Мисир, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. Патем се разболе и кога стигна на Кипар умре во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.

Тропар
Поради милоста своја Бог се овоплоти о, блажен Јоване, поради љубовта Своја Христос на крсна смрт се предаде, а душата твоја во своето сиромаштво, со Него се обогати. Моли се за нас, пастиру Христов, и застапи се пред вечно Mилостивиот, да ги прости нашите гревови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …