Светата великомаченичка Екатерина
Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ? живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ? беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами.
Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.
Тропар
Со добродетели како со сончеви зраци ги просвети неверните мудреци, и како пресветла месечина која оди во ноќта, ја изгони темнината на неверието. Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи, богоповикана невесто, блажена Екатерино, со љубов стигна во небесните дворови, кај прекрасниот Женик Христос, и од Него си венчана со царски венец: и сега со ангелите пред Него стоејќи, моли се за нас кои го почитуваме твојот чесен спомен, воскликнувајќи: Алилуја.