Светата великомаченичка Ефимија
Родум од Халкидон. Татко и беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не и се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да и се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да и се покоруваме туку треба и да и се противиме.“ Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.
Тропар
Возљубувајќи Го Твојот Женик, Христос, светлата твоја свеќа ја подготви, но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимијо, со тоа ти за Него се оневести, венец за страдањата од Него примајќи. Затоа од беди избави нe нас, кои со вера го чуваме твојот свет спомен.