Денеска се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името и е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што и се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.


Тропар
Премудрата и сефална Христова маченичка Параскева, мажествена храброст примајќи, женската немоќ ја отфрли, демонот го победи и мачителот го посрами, повикувајќи и глаголајќи: дојдете, телото мое со меч исечете го, јас пак радувајќи се, одам кон Христос, мојот Женик. По нејзините молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Светската музичка сензација Џејсон Деруло доаѓа во Македонија

Ова лето, македонската публика ќе биде сведок на историски музички момент! Светската поп и Р’н’Б …