Преподобен Максим Исповедник
Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите.
Тропар
Од младоста своја Вистината возљубувајќи ја, Патот во животот те хранеше со слободата, о Максиме, свет подвижниче, војнику свет на Богомајката, столбу непоколеблив пред Пресвета Троица, исповедниче на животот во вечноста, моли се, преподобен учителу на Љубовта, срцата да ги исполниме со светлината Христова, душата по твоите свети молитви да биде помилувана од Пресвета Троица.