Преподобен Макариј Велики
Мисирец, еден од помладите современици на Антониј Велики. Татко му беше свештеник. Од послушност кон родителите се ожени, но жена му набрзо умре, а тој се оддалечи во пустина, каде што помина полни шеесет години во труд и во борба, внатрешна и надворешна, за Царството Небесно. Кога го прашаа зошто е толку сув и кога јаде и кога не јаде, одговори: „Од стравот Божји“. Толку успеа да си го очисти умот од злите помисли и срцето од зли желби, што Бог го дарува со изобилен дар на чудотворство.
Се упокои во 390 година.
Тропар
Висино која си и за очите ангелски недостижна, деца духовни роди во пустината, ангели надминаа со својата чистота. О, Макарие велики, Божја пофалбо, бестрастие постигнато, благодат врз благодат подарена, силата Христова во тебе вдомена, мртви воскреснуваше, губави очистуваше, и Бога прославувајќи Го, името твое на Небесата се запишуваше. Славен си, Господи, во Своите светии во вечни векови.