Денеска, Ненад Георгиевски ќе прави промоција на неговата нова книга „Press and Play: Reloaded” која всушност е второ, проширено издание од книгата што ја објави кога почна пандемијата во 2020.
Press and Play е музичка книга каде се собрани негови текстови на англиски јазик за се што се однесува на македонската музичка култура.
На промоцијата свој мал сет ќе имаат Џон илија Апелгрен и Гордан Спасовски.
Промоцијата ќе се случи во Аудиокултура во 19:30 часот.