Денеска во ЦК „Марко Цепенков”беше отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2021

Денеска во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков” беше отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2021.
Изложени се над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети,  Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески,  Стефан Малбашиќ и скулпторiите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски. Колонијата Дрен 2021 се одржа во јули со поддршка на Министерството за култура.
 Досега на колонијата ДРЕН, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран …