Денес започнува седмото издание на Скопскиот вински салон -Винодонија 2023

На 8-ми и 9-ти Декември (петок и сабота) во хотелот Мериот во Скопје, ќе биде одржано седмото издание на Скопскиот вински салон -Винодонија 2023 кој има мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.. Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15.00 до 21.00 часот.

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби, но и прилика да се истражи и дегустира и т.н. странска винска сцена која што во последната година порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Португалија и Шпанија.


Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет.

Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2023 ќе бидат во ограничен број, и можат да се набават електронски (онлајн) по цена од 750 денари за секој ден посебно.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …