Во Русија 2024 е прогласена за Година на семејството, во која внимание се посветува на семејните вредности, како што се љубовта, верноста, почитувањето, заемното разбирање и поддршката.
По тој повод вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Рускиот Центар во Скопје, Екатерина Терзијоска ќе одржи предавање за светците Петар и Февронија коишто се многу почитувани во Русија, а коишто воедно се сметаат и за покровители на семејството.
Ве очекуваме!