Денес во Паркот на франкофонија ќе се одржи музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“

Концертот „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи денес од 19:00 часот. Во недела, Паркот на франкофонија повторно ќе биде во фокусот на културните збиднувања. Ве покануваме сите да ни се придружите и заедно по втор пат да ја напишеме центарската музичката приказна “Нешто што ќе остане”.

Оваа година, на бината под ведро небо, сценариото со своите гласови ќе го пишуваат FIC & D’INVISIBLES, Лара, Пајак, Таско и Лозано, а низ приказната ќе нè води незаменливиот Сашко Коцев.


Што можете да очекувате? Музика за сите вкусови и генерации, изненадување за помладите, спомени за повозрасните. Македонско музичко доживување што полека ќе прерасне во традиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Традиционален концерт по повод Василица во Националната Опера и Балет

Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 13 јануари, со …