Денес се сеќаваме на прерано починатиот македонски саксофонист и професор Боби Коминовски

Боби Коминовски е роден во Битола на 4 март 1968 година. Тој беше познат македонски музичар – саксофонист и професор во Музичкото училиште во Битола. Бил член на неколку музички групи од Битола и учесник на Битолското културно лето Битфест.

Музичкото образование го почнал во Битола, на отсекот по кларинет во класата на проф. Панде Татарчевски. По завршувањето на Средното музичко училиште во 1986 година се запишал на ФМУ во Скопје во класата на м-р Иван Кочаров. Во 2000 година магистрирал на ФМУ на одделот по саксофон во класата на м-р Стојан Димов.


Коминовски загинал на 25 февруари 2015 година во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …