Денес се сеќаваме на нашиот прерано починат музичар Александар Дворчанец-Сале

Александар Дворчанец познат како Сале Блузмен е роден во Прилеп на 29 ноември 1973 година. Тој беше македонски музичар – свирач на усна хармоника и вокал, член и фронтмен на култната македонска група Crossroad Blues Band.

Во средината на 90тите години на XX век, Дворчанец стапува во контакт со гитаристот Бранко Нешкоски – Бане со кој собираат локални музичари и во стара куќа на крајот од градот започнуваат со работа. Го формираат бендот Crossroad Blues Band.


Набрзо после почетокот стануваат локална атракција, поради големиот број на музичари на сцената и повеќеслојниот звук кој го произведуваат. Имаат бројни настапи во Прилеп и околните градови. На почетокот од 2000 година групата го снима својот прв сингл.

По кратко боледување починал на 10 ноември 2018 година во Прилеп.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …