Божидар Тодоровски – Бодле е роден на 11 август 1933 година во Прилеп. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како режисер во Телевизија Скопје. Член на ДПМ од 1974 година. Автор е на книгите: Бумеранг (поезија, 1963), Неспогодии (поезија, 1974), Сонетен венец на непризнатите (1977), Диво коњче (поезија за деца, 2000), Горчлива нафора и Боемски уроци (поезија, 2000).
Својата прва изложба ја има 1961 година со дела насликани со паста за чевли. Голем мајстор на цртежот со туш и молив, која техника ја научил од својот наставник по ликовно Ачевски-Аче, ненадминат мајстор на таа техника. Неисцрпен мотив му била староградската архитектура од Старата Скопска чаршија, Охрид, Кратово, Прилеп, Битола. Последната изложба ја одржува во КИЦ-Скопје, 1991 година. Во својот творечки ансамбл има отворено преку 15 самостојни изложби.
Починал на 28 ноември 2001 година во Скопје.