Јон Исаја е роден во Тетово на 5 јануари 1915 година. Тој беше македонски филмски, театарски и телевизиски глумец.
Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станува член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.
Подолу е дел од неговата богата филмографија;
1961-Солунските атентатори, 1961-Мирно лето, 1965-Денови на искушение Христов, 1967-Мементо, 1969-Републиката во пламен, 1969-Време без војна, 1969-Враќање од рајот, 1970-Мртва стража, 1971-Некаде морам да те чекам ТВ филм, 1972-Истрел, 1975-Парадоксот на Диоген, 1977-Исправи се Делфина, 1979-Наши години, 1981-Црвениот коњ, 1982-Илинден, 1990-Северна грешка, 1991-Болва в’ уво ТВ-филм.
Починал во Скопје на 13 декември 1993 година на 78 годишна возраст.