Денес се сеќаваме на големиот македонски раскажувач, новинар и драмски писател Иван Точко

Иван Точко бил роден во Охрид на 9 јануари 1914 година. Тој беше истакнат македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Тој е еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија.

Иван Точко се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија. Бил учесник во НОВ на Македонија. По завршувањето на војната, работел како новинар во „Нова Македонија“ и во Радио Скопје, а покрај тоа, бил уредник на списанието „Македонија“. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото бил уапсен, осуден и испратен на отслужување на затворската казна на Голи Оток.


Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Точко е автор на шест збирки раскази, три драми и две збирки со прозни минијатури:

„Бојана“ (раскази, 1953)
„Акорди“ (раскази, 1956)
„Прстен“ (раскази, 1959)
„Раскази“ (1962)
„Вино за душите“ (новелети, 1968)
„Премиера“ (раскази, 1970)
„Грев“ (лирски минијатури, 1971)
„Плуто“ (драма, 1972)
„Охридска трилогија“ (три драмски текстови – „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974


Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Загинал во сообраќајна несреќа во Скопје на 12 ноември 1973 година.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …