Денес се сеќаваме на еден од најзначајните творци на македонската модерна уметност Петар Мазев

Петар Мазев е роден во Кавадарци на 10 февруари 1927 година. Тој беше македонски сликар, еден од најзначајните творци на македонската модерна уметност.

Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1953 година. Бил член на групата „Мугри“. Професор на Архитектонскиот факултет, Скопје. Петар Мазев е еден од главните иницијатори за формирањето на Факултетот за ликовна уметност во Скопје


Експресионист, минал низ неколку фази во творештвото (од кои особено значајна е „белата“ фаза) за под влијание на апстрактниот експресионизам на Вилем де Куниг и групата КоБрА да создаде апстрактно-фигуративен израз на гестуална акција и силен колорит. Заедно со Никола Мартиноски, тој е најеминентен претставник на експресионизмот.

За Петар Мазев, Македонија е супстрат на силни емоционални доживувања. Во неговиот ликовен систем пластичната традиција на нацијата се пробива во една преносна смисла. Мазев повеќе го возбудува необично суровата, контрастна драматика на географската структура на земјата, здивот на минатото и патината што е втисната во нејзината материја, во старите згради и предмети. Нему му е блиско чувството за ефектите на материјата карактеристични за некои дела на Антони Тапиес и Алберто Бури. Меѓутоа, сегашниот апстрактен натурализам на Мазев содржи стремеж за воздржување од нагонска експресивност, ускладување на материјалните во строги системи, во рамките на скоро монохрамни слики.


Последната фаза во творештвото на Мазев излегува од порано веќе мошне асоцијативната материја на неговите дела и се движи кон необични пластични агломерации.

Самостојно изложувал во Скопје и на голем број групни изложби во земјата и во странство : Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, на изложби во Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Лозана, Град Мексико, Атина итн.


Изработил и мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година, сите во Скопје и Спомен костурница во Велес, 1979 година; керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година.

Добитник е на Октомвриска награда за сликарство 1960 год., Ноемвриска награда на град Скопје 1977 година и други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Петтиот Форум на УНЕСКО Креативни градови за филм успешно заврши во Битола

Филмската и креативните индустрии играат клучни улоги во унапредувањето на одржливоста. Од јавни кампањи до …