Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше доајен на македонското радио и телевизиско спикерство, човекот со најрадиофоничниот и најпознатиот машки глас во Македонија.

Антонов беше меѓу десет најпопуларни личности во Македонија помеѓу 1947 и 1983 година. За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери.


Спикерската кариера ја започнува со мал тим на вработени во првата отворена радио станица во Република Македонија, Радио Скопје во 1947 година, а ја продолжи во Телевизија Скопје каде бил од нејзиното отворање.

Повозрасните со сигурност сеуште се сеќаваат на телевизиските вести во 19:30 часот кои што ги водеше заедно со Бранка Станковска и радиските во 15:30 часот.


За својата работа и за извонредното залагање е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

Иван Антонов почина на 14 декември 1983 година во Скопје


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …