Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул


Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.

Тропар
О достославни ученици Христови, вие Бисерот го најдовте, радоста со родот човечки ја споделивте, со неа исполнети маките и прогоните за трици ги сметавте, Стахие, Амплие, Урване, Наркисе, Апелие и Аристовуле, ние денес преку вас на Христа Му благодариме, што вистината ја сокри од мудрите, а нас со неа кон спасение нe приведе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Горда на себе – Ѕвездата на OnlyFans објавила колку заработила за две години: Милиони на сметката

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од …