Денес се празнува Светиот свештеномаченик Доротеј

Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па се до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.

Тропар
Не искушувај Го Господа твојот Бог, преточено во – не суди никого, тебе пастиру Божји, те понесе во пределите светителски, откриениот живот на пророците и апостолите, Господ преку раката твоја нам ни го предаде, свештеномачениче Доротее. Сега до нив приброен пред престолот Христов, моли Го Него усрдно да побрзаме, кон претстојната борба закрепени од Неговата благодат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Александар

Преподобен Александар Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде …