ДЕНЕС СЕ ОДРЖУВА ТАКСИРАТ – Главна вечер на најголемиот музички фестивал во Македонија!

Денес, на 7 декември во Скопје ќе се одржи Главната вечер на нашиот најголем музички фестивал – ТАКСИРАТ, а во чии рамки ќе настапат повеќе од 15 музички артисти, на две бини во Арената „Борис Трајковски”! Илјадници гости од цела Македонија, но и од соседните земји пристигнуваат во Скопје за музичкиот настан на кој со маратонската осумчасовна програма ќе биде означено и официјалното затворање на овогодинешното, 26-то издание на фестивалот Таксират.

Македонската публика за прв пат ќе има прилика во својата земја да ги пречека и да ужива во настапите на светските ѕвезди од електронска сцена и тоа: еден од најуспешните британски диџеи и продуценти, заштитното лице на светскиот текхаус звук – HOT SINCE 82, како и RÖYKSOPP – беспрекорните уметници на современиот електронски звук и култно име од норвешката електро-поп сцена!


Покрај нив, на Главната Мтел бина пристигнуваат и дел од најпопуларните регионални артисти, а меѓу нив е актуелниот херој на евровизиската публика, БЕЈБИ ЛАЗАЊА од Хрватска кој за прв пат доаѓа кај нас. Тој на Таксират ќе ни го претстави својот експлозивен настап со кој остварува неверојатен успех годинава и со месеци однапред распродадени концерти низ цела Европа! Од Загреб на Таксират пристигнува и омилениот концертен бенд „ЕЛЕМЕНТАЛ”, докажан меѓу најдобрите изведувачи во живо на Балканот.

На Главната Мтел бина ќе настапат и легендарните „ПАРТИБРЕЈКЕРС” – најискрениот рок бенд на овие простори кој го одликуваат ненадминливо моќни настапи, панк енергија, блузерска душа и гараж став!


Вонсерискиот мајстор од белградската рап сцената СМОКЕ МАРДЕЉАНО ќе го преземе кормилото за врвен хип-хоп на втората бина, „Smooth Stage” на Таксират, а во мисијата ќе му се придружат и неговите сограѓани, исклучително почитуваните од рап заедницата во регионов – „ПРТИ БЕ ГЕ”! На оваа бина ќе го погледнеме и настапот на младиот словенечки уметник кој важи за глас на новата генерација „РУЖНО ПАЧЕ”. Домашната сцена ја претставуваат артистите кои стојат зад епските забави на оваа бина на Таксират, екипата на „Trap Da Fuck Up” која сега премиерно ќе го претстави својот сосема нов аудио-визуелен проект TDFU ARCADE! Со овој проект тие презентираат дел од својот најинтригантен материјал во нов концептуелен настап во кој учествуваат Бон Праскиза, Секси Марса, Диџеј Огипсилон, Жакк/5Р, Балу, Стиви, Рагер и други.

Во концертната арена завршуваат последните подготовки за овој музички спектакл, а дел од странските ѕвезди веќе се пристигнати во Скопје. Денес, влезот за посетителите во Арена „Борис Трајковски” ќе биде отворен во 19:30 часот, а објавен е и распоредот со саатници за концертните настапи.


MTEL MAIN STAGE:
20:45 – ELEMENTAL
21:50 – PARTIBREJKERS
23:00 – BABY LASAGNA
00:10 – ROYKSOPP (DJ set)
01:45 – HOT SINCE 82

TAKSIRAT SMOOTH STAGE:
21:00 – OGIPSILON
22:05 – TDFU ARCADE
23:10 – RUZNO PACE
00:00 – PRTI BEE GEE
01:05 – SMOKE MARDELJANO

Влезниците за целосната програма на овој настан се достапни во претпродажба со неверојатната супер-промо цена од само 1000 денари, на интернет-страницата и во продажните места на МкТикетс. Во сабота, за време на настанот влезниците ќе може да се набават и од билетарницата пред главниот влез на СЦ „Борис Трајковски” која ќе започне со работа од 19:00 часот.

Претходно, во рамки на офф-програмата на ТАКСИРАТ во Скопје се одржаа повеќе од 70 концерти на различни локации во градот. Оваа сабота пак, илјадниците вљубениците во квалитетната музика се собираат заедно за финалниот настан со кој во Арената „Борис Трајковски” ќе биде заокружено ова импресивно издание на ТАКСИРАТ Фестивал!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 6 години без нашиот истакнат романописец и поет Методија Фотев

Методија Фотев е роден во с. Љубојно, Ресенско на 14 март 1932 година. Тој беше …