Денес се одбележуваат 50 години од смртта на великанот на градската и народната песна Кирил Манчевски

Кирил Манчевски е роден во с. Броштица, Дебарско на 8 ноември 1935 година. Тој е македонски пејач, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна.

Иако по занимање всушност беше металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посвети на народната песна, која беше неговиот најверен сопатник. Како човек беше едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец – велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-тите години.


Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имаше можност да ја отвори својата “лирска душа” и на светската јавност, која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист, а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други.

Тој изградил единствен интерпретаторски стил, кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.


Починал на 8 август 1974 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …