Денес роденден слави оперската певица Весна Гиновска-Илкова

Весна Гиновска-Илкова е родена на 2 април 1972 година во Скопје. Таа е позната македонска оперска пејачка (сопран).

Весна Гиновска-Илкова е првенка на операта на МНТ. Дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност (1994) во Скопје, а магистрирала на Белградската музичка академија. Дебатирала на оперската сцена на МНТ во 1996 година со улогата на Микаела во операта „Кармен“ во која настапила со рускиот тенор, Сергеј Дубровин. Истата година била ангажирана како постојан член на оваа музичка институција.


Првиот меѓународен настап го забележала во 1998 година на меѓународниот натпревар „Борис Христов“, каде се претставила со улогата на Елизабета во операта „Дон Карло“. Потоа, таа настапила на повеќе познати сцени ширум светот, а во 2014 година одржала рецитал во Њујорк. Како признание на нејзините успеси, Стопанската комора на Македонија ја прогласила за Почесен амбасадор на културата во Република Македонија.

Во својата кариера, таа била носителка на повеќе главни улоги:


-Леонора (Трубадур);
-Флорија Тоска (Тоска);
-Аида Дона Леонора (Моќ на судбината);
-Чо-чо-Сан (Мадам Батерфлај);
-Лиу (Турандот);
-Дездемона (Отело);
-Мими (Боеми);
-Ирена (Кирил Македонски, „Цар Самуил“); и
-Лидија (Ристо Аврамовски, „Лидија од Македонија“).

Настапувала и на концертниот подиум, изведувајќи рецитали на соло-песни и вокалноинструментални дела. Таа е уметник со богат гласовен материјал, динамична и вдахновена артстична визија, вокална префинетост, совршена интонација и јасно диференциран тонски јазик. Гостувала во повеќе европски земји (Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Данска, Германија, Италија, Франција).


Среќен роденден Весна, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …