Велко Маркоски е роден на 5 април 1986 година во Струга. Својата кариера ја започнал во младинската школа на РК Струга. Десничарот висок 1,94 м. професионалната кариера ја започнал во 2004 година во РК Вардар од Скопје.
Со РК Вардар го освоил македонскиот шампионат во 2007 и 2009 година и купот во 2007 и 2008 година. На меѓународен план стигнал до групната фаза од Лигата на шампионите на ЕХФ 2004/05 година
За градскиот ривал РК Металург Скопје настапувал од 2010 година. Со Металург стана шампион во 2011, 2012 и 2014 година и освојувач на купови во 2011 и 2013 година.
Во летото 2015 година, Маркоски се пресели во Работнички од Скопје, а во декември 2015 година му се приклучил на хрватскиот клуб РК Загреб. Со Загреб го освоил првенството и Купот на Хрватска во 2016 и 2017 година.
Со македонската репрезентација, Велко Маркоски учествуваше на СП 2009, ЕП 2012, СП 2013 и ЕП 2014. Има одиграно 44 меѓународни натпревари на кои постигнал 48 голови.
Среќен роденден Велко ти посакува редакцијата на Екран.